„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Претрес во Шутка по фотографијата објавена од Боки 13 во дворот од затворот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izjava-zaev.Still212

Откако Скопје1 објави фотографија од Бојан Јовановски познат како Боки 13 како шета во дворот на затворот „Шутка“, директорот на затворот наредил да е изврши претрес во затворот.

— реклама —

Боки 13 заедно со Зоран Кичеец е во притвор поради случајот „Рекет“.

Инаку на фотографијата се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а непознато е кој ја направил фотографијата, која е објавена на социјалните мрежи. Фотографијата се објавува во време кога италијански новинар емитува аудио и видео снимки од тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец договараат рекет од бизнисменот Орце Камчев.

— реклама —

Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски дека рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО. Првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ослободување од кривично гонење. Од првично бараната сума од 8 милиони евра, цената била спуштена на 5 милиони, за на крајот 1,5 милиони евра му биле исплатени на првоосомничениот од страна на бизнисменот. Меѓу осомничените и бизнисменот за кој се воделе истражни постапки биле реализирани повеќе средби за кои посредувал второосомничениот Милевски.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања