Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претрес во виничко: Уапсени две лица, запленети кокаин, канабис, пушка и пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library5ktlabnuuga29SyuBGN

Две лица од виничкото село Јакимово се приведени и им е одреден притвор по полициска акција во која биле пронајдени дрога, пушка и други предмети поврзани со кривично дело.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 јули околу 23:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, во содејство со ОВР Виница, ги лишиле од слобода К.С. (28) и М.С. (31), двајцата од село Јакимово.

— реклама —

При спроведување на претходно планирана акција, полицијата се обидела да запре патничко возило „Фолксваген“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.С., додека М.С. бил сопатник. Во текот на контролата, од возилото бил фрлен кокаин.

Следниот ден, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот и просториите што ги користеле двајцата осомничени. При претресот биле пронајдени и одземени кокаин, канабис, дробилка со остатоци од канабис, воздушна пушка „Валтер“ со калибар 4,5 милиметри, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

— реклама —

Против двајцата е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

— реклама —

По изведувањето пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Кочани, на двајцата им е одредена мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytu6uoo4foi7a21ovh50

Со возила им го попречиле патот, па физички нападнале двајца млади гостиварци

Македонија | пред 4 минути

— реклама —
media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

Тешко повреден 31-годишен пешак откако во него удрил автомобил во Тетово

Македонија | пред 4 минути

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Напад врз малолетник во гостиварско, настанот бил снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи

Македонија | пред 34 минути

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Три лица нападнале 23-годишник во Ѓорче Петров, еден пукал со пиштол кон него

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања