Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Претреси во Брњарци, пронајдени дрога, оружје и муниција, уапсени две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrfrq3s15rces8bzwd7K

Две лица се лишени од слобода во одделни полициски акции во скопското село Брњарци, при што во нивните домови биле пронајдени дрога, оружје, муниција и опрема за изработка и полнење патрони.

— реклама —

Како што соопшти МВР, на 16 септември во 00:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ц. (34) од Брњарци.

— реклама —

При претресот на неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Претходно, на 15 септември во 23:45 часот, во истото село бил лишен од слобода и И.Б. (38) од Скопје.

— реклама —

При претресот во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол, 23 куршуми, 20 ловечки патрони, една ќеса со барут, три конзерви со сачми, три конзерви со материјал за полнење ловечки патрони, една кутија со каписли, како и алатки за изработка и полнење патрони.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 18 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 18 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања