Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Претреси во Кичево, запленет хероин, приведен дилер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
heroin-pakuvanja

Вчера во Кичево полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-СНТДООМ, во координација со ОВР Кичево го лишиле од слобода А.М.(23) од Кичево, поради основано сомнение дека извршил кривично дело недозволена трговија со дрога – хероин и марихуана.

Имено, во 21.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кичево извршен е преглед на А.А., при што била пронајдена марихуана, за која изјавил дека ја набавил од А.М. од Кичево.

— реклама —

По претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, од страна на полициски службеници од НККР - ОНТДО Кичево во периодот од 21.50 до 23.00 часот, извршен е претрес во дом, други простории и возила кај А.М.(23) од Кичево, при што се пронајдени и одземени 18 паковки со хероин, ќеса со марихуана, кутија со остатоци од марихуана, 3 дигитални ваги со остатоци од марихуана, нагорени алуминиумски фолии, зипер ќеса со остатоци од марихуана.

— реклама —

По завршување на претресот, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кичево, А.М. е приведен во Полициска станица Кичево, каде по комплетирање на целокупната документација ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања