Промени тема
Контакт

Претреси во Штип, полицијата најде украдени предмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-rotaciona-svetla

На 15.04.2022 во периодот од 08.30 до 12.00 часот по претходно добиени сознанија од страна на полициски службеници од СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со претставници од Државен инспекторат за животна средина и Државен пазарен инспекторат, согласно издадените судски Наредби за претрес на нелегални откупни пунктови за секундарни суровини, извршени се претреси на 4 локации на подрачјето на град Штип, со цел пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешки кражби“, „кражби“ и „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

— реклама —

При претресите во просториите кај едно правно лице и кај три физички лица Ѓ.К, А.Д. и Т.Т., сите од Штип, пронајдени се предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по чл.230 од Кривичниот законик и кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, кои со потврда привремено се одземени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани.

— реклама —
— реклама —

Од страна на инспекторите од двата државни инспекторати констатирани се неправилности во работењето кај сите откупни пунктови. Се работи на целосно документирање на случаите по што од страна на надлежните до ОЈО Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања