„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Претседатеката на Собранието на Меѓународниот сојуз вели: Потпишував договори за проекти на здружението, но, само формалнo

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
agapi-dika

Претседатеката на Собранието на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски,  Агапи Дика,  денеска на сведочењето во судот кажа дека потпишувала договори за проекти на здружението, но, само формално, објави А1ОН. 

— реклама —

“Доаѓаа луѓе да нудат проекти. Не сум била присутна кога нуделе. Фросина доаѓаше во Меѓународниот пат неколку пати. Јас што сум ја видела. Ги имам видено сопственикот на “Пелистер” и сопственикот на ‘Дрим Билдинг’. Имаше ептен добри презентации од двете фирми. Дојде до склучување договори. Се имам потпишувано на тие договори бидејќи верувам во тие проекти. Ги видов проектите, со архитекти од ‘Пелистер’ и од Меѓународниот сојуз. Требаше да се почне со реализација, но не почна. Меѓународниот сојуз беше тука за менаџирање во странство. Не знам од кои причини, не можам да се сетам. Доаѓаше Љиљана Тодоровска. Вториот пат Бојан ми рече да и кажам да си оди без да ми ја каже причината. Ми беше неперијатно, но и кажав. Се реализираа проекти, носевме храна на социјално ранливи категории. Не ми било кажано од каде пари за овие проекти, не сум учествувала во преговарање. Јас за износите за “Пелистер” и “Дрим билдинг”, не знаев, покасно дознав. Викнете ги сопствениците и прашајте ги. Можам да избројам колку пати сум била во Меѓународниот сојуз. Два при Чифлиганец и тука сум присуствувала. Имаше плац во населба Илинден и сакаше тука да прави старечки домови. Отиде делегација да види и не чинеше нешто земјиштето”, рече Дика.

Таа објасни дека побарала да биде изземена од функцијата претседател на Собрание бидејќи таа била само формално пишана, но не учествувала во одлучувањето ниту работата.

— реклама —

Текстот во целост на: А1ОН. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања