Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Претседател на здружение на пензионери крадел пари и компјутери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
policija-traka

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Љ.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

— реклама —

Во текот на 2015 година, пријавениот во својство на претседател на Здружението на пензионери „Општина Бутел Нов Живот“ од Скопје, постапил спротивно на одредбите од Законот за здруженија и фондации, како и донесените одлуки на здружението, при што од сметка на здружението, во повеќе наврати противправно и неосновано биле подигани парични средства на име на материјални трошоци, исплати кон членови на здружението, како и надворешни лица за репрезентација, угостителски услуги, одржување и набавка на материјални средства, градежни материјали и превоз на патници, без при тоа да бидат донесени соодветни одлуки и решенија од органите на управување на здружението.

Исто така, пријавениот набавил и компјутери кои ги евидентирал како основни средства на здружението, при што истите не биле евидентирани во пописните листи за 2016, 2017 и 2018 година  и физички не се наоѓале во здружението.

— реклама —

Со наведените дејствија пријавениот нанел штета на буџетот на горенаведеното здружение во износ од 723.016 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања