„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Претседателка на ДОМ: Не е време за предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

Маја Морачанин е пратеничка во македонскиот парламент, а минатата година дојде на чело на ДОМ, единствената зелена партија во нашата земја. Спроти претседателските избори, Морачанин во интервју за „Независен весник“ порачува дека новиот претседател треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните, како и дека Македонија заслужува да добие и жена на оваа позиција. Како припадник на зелените, таа е убедена дека иднината на планетата и човештвото е во зелените политики. Македонија мора многу повеќе да вложува во заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.

— реклама —

Г-ѓа Морачанин, каков е ставот на ДОМ за консензуалниот кандидат и како ќе настапите околу претседателските избори? Сметате ли дека е добро да има и парламентарни?

- Во тек е внатрепартиска дебата околу настапот на ДОМ на претседателските избори, по која органите на партијата ќе ја донесат конечната одлука. Досега не сме имале разговори со коалицискиот партнер и очекуваме наскоро да ни биде презентирана идејата за консензуален кандидат. Она што е клучно за ДОМ, е личниот и професионалниот интегритет на кандидатот или кандидатката за претседател. Тоа треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните и што ќе работи во интерес на сите граѓани, посветен на соработка со останатите држави и на евроатлантските интеграции на земјата. Исто така, за нас како зелена партија се многу важни ставот, посветеноста и разбирањето на заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.

— реклама —

Во однос на предвремените парламентарни избори, сметам дека не е момент за тоа. Јуни ќе дојде набрзо и очекуваме да добиеме дефинитивен датум за почеток на преговори со ЕУ. За тоа е потребно да се реализираат реформите и мислам дека тоа треба да биде фокусот на Владата и Собранието.

Повеќе прочитајте на Независен.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања