Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Претседателката на Апелација, Мери Дика, избрана за уставен судија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-library7dhmjvfupmnl61OD4ry

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд, откако предлогот доби поддршка од 64 пратеници.

Одлуката ја соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, по спроведеното гласање

— реклама —
— реклама —

„Судија на Уставен суд се избира со мнозинство гласови. Предлогот Мери Дика Георгиевска да биде избрана за судија на Уставниот суд го ставам на гласање. 64 гласа за, нема воздржани ниту против. Дика Георгиевска е избрана за судија на Уставниот суд“, рече Гаши.

— реклама —

По изборот, Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд. Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирала во 1985 година, а магистерските студии по правни науки ги завршила на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје во 2014 година. Правосудниот испит го положила во 1987 година. Кариерата ја започнала како адвокатски приправник и стручен соработник, а потоа работела како адвокат во сопствена канцеларија. Од 1996 до 2005 година беше судија во Основниот суд Скопје II, а потоа продолжи како судија во Апелациониот суд Скопје. Од 2012 до 2018 година беше член на Судскиот совет, по што се врати во Апелациониот суд. Во 2023 година беше избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје. Во својата кариера била претседател на стопанските оддели во Основниот и во Апелациониот суд, а говори и англиски јазик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања