Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Иванов упати честитка до припадниците на српската заедница по повод Свети Сава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gorge-ivanov

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

— реклама —

-Ми претставува особено задоволство да ви го честитам големиот празник Свети Сава и да ви посакам здравје, радост, мир и благосостојба. Чествувањето на денешниот празник, 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ и просветител е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка. Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога и патоказ кон иднината.

— реклама —
— реклама —

Припадниците на српската заедница со своите јазични, етнографски и културни особености го збогатуваат нашето мултиетничко и мултикултурно општество постојано придонесувајќи за напредокот на Република Македонија.

Благодарение на српската заедница во Република Македонија како и на македонската во Република Србија, во нашиот северен сосед имаме пријател и поддржувач. Уверен сум дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на сите наши граѓани, сè со цел подобра и посветла иднина. Нека Ви е честит големиот празник, стои во честитката од претседателот Иванов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања