Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Претседателот Иванов вратил 11 закони, во кои државното име е Република Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Gjorge-Ivanov1

Претседателот Ѓорге Иванов вратил закони чиј указ не го потпишал до Собранието во кои името на државата било напишано Република Северна Македонија, дознава телевизија 24 Вести.

— реклама —

Според процедурата, овие закони мнозинството ќе треба повторно да ги изгласа, по што претседателот мора да ги потпише. Иванов претходно одби да го потпише указот за Договорот од Преспа и Законот за јазици иако пратениците го изгласаа по вторпат.

— реклама —

Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша Указите за прогласување на 6 закони донесени на 28.02.2019 година и тоа:

– Закон за изменување на законот за оперативно-техничка агенција, закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт, Закон за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, закон за изменување и дополнување на законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, закон за изменување и дополнување на законот за електронскиte комуникации, закон за дополнување на законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

— реклама —

Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година

— реклама —

Во исто време, сите официјални документи, печати и логоа, меморандуми, печатените материјали, папки од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов досега немаат сменето име туку се на име претседател на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања