Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Претседателот ќе одлукува осум пожарникари со „Медал за храброст“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
pozar-1

— реклама —

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре, 6 септември 2019 година, петок, во 12:00 часот, со „Медал за храброст“ ќе одликува осум припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а на противпожарната бригада ќе го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“.

— реклама —

 Припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, се одликуваат со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при извршувањето на задачите во справувањето со огнената стихија за време на пожарот во станбена зграда на ул. „Народни херои“, Општина Кисела Вода, при што придонеле за навремено извлекување на загрозените станари.

 Признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се доделува за посветено извршување на задачите при гаснење пожари на подрачјето на градот Скопје, отстранување на непосредната опасност за настанување на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот, загрозени од пожари и од експлозии, и останати активности во согласност со делокругот на работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања