Претседателот на австрискиот Парламент Волфганг Соботка ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан и смета дека секој кој го блокира почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува европскиот курс на Западен Балкан и штети на кредибилитетот на Унијата.
-Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан. Кандидатите за членство, Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правно, политичко и економски приближување на ЕУ. Северна Македонија го заврши спорот околу името со Грција, поради тоа, даде важен придонес во помирувањето и преимер е за целиот регион. Понатамошно одложување на почетокот на преговорите би бил потполно погрешен сигнал, порачува во соопштение Соботка.
ЕУ, според него, е нецелосна без државите од Западен Балкан.