Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Претседателот на бугарското собрание во Скопје: „Веруваме дека ќе надвладеат разумот и политичката волја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Северна Македонија нема друга алтернатива освен европската, изјави денес претседателот на Народното собрание на Бугарија, Росен Желјасков кој се наоѓа во официјална посета на Скопје, пришто оствари средба со првиот човек на македонскиот законодавен дом, Талат Џафери.

— реклама —

Желјасков говореше и за уставните измени, внесување на Бугарите во Уставот, порачувајќи дека државниците мислат за наредните генерации, а политичарите за наредните избори.

— реклама —

„Веруваме дека разумот и политичката волја ќе надвладеат и уште оваа година ќе имаме можност да им се восхитуваме на почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија“, рече Желјасков.

— реклама —

Желјазков се заблагодари на гостопримството и потврди дека Бугарија го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија, но важно и е да се имплементира Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји и да се направат потребните реформи. Укажа на важноста од превенција на ширење на јазик на омраза и заедничко делување во правец на создавање емпатија меѓу народите, иако е тоа секогаш потешкиот пат, кој сепак мора да се следи во име на благосостојбата на следните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања