Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Претседателот на Собранието го честита Денот на Бошњаците Претседателот на Собранието го честита Денот на Бошњаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dzaferi

– Претседателот на Собранието Талат Џафери лично и во име на пратениците и го честита на бошњачката заедница во Република Северна Македонија Меѓународниот ден на Бошњаците.

— реклама —

– Верувам дека овој историски датум кога Првиот бошњачки Сабор ја усвоил Декларацијата за враќањето на историското име Бошњак, а мајчиниот јазик е повторно именуван како босански, е датум којшто ве прави горди и ви дава убаво чувство на припадност и за тоа, Ви честитам. Сакам преку оваа честитка да ја укажам мојата почит и поддршка за бошњачката заедница во Република Северна Македонија, која е неделив дел од ткивото на нашето општество, ценето и вреднувано по своите особености, јазик, традиција, култура и обичаи меѓутоа, над сè, поради својот значителен придонес во развојот на државата, пишува Џафери во честитката. Убавината на мултиетничките општества, додава претседателот на Собранието, е во богатството од култури и традиции и нивната промоција, нивното негување, почитување и заедничко споделување, само го збогатува уште повеќе општествениот живот на државата, и го разубавува секојдневието на нашите граѓани.

— реклама —
— реклама —

-Заедничкото споделување и меѓусебното запознавање значи и заемно почитување, и тоа е единствениот начин за градење  успешна приказна за Република Северна Македонија. Се надевам дека со заеднички сили ќе продолжиме да го градиме и реформираме нашето општество на патот кон Европа, како држава која живее во европски дух, пишува Талат Џафери во честитката до бошњачката заедница во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања