Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Пендаровски го потпиша законот за ратификација на договорот за заеднички контроли на преминот Табановце – Прешево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
stevo-770x437

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија ) – Прешево (Република Србија).

— реклама —

 Со договорот, потпишан меѓу владите на Северна Македонија и Србија на 12 јули 2019 година во Белград, се предвидува воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница.

— реклама —

 Според претседателот Пендаровски постигнатиот договор треба да претставува поттик во насока на овозможување на заеднички контроли и на граничните премини со другите соседни држави.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања