Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Пендаровски го прими директорот на Канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-3-4

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, во рамките на регионот на Европа и Централна Азија.

— реклама —

 На средбата беа разменети мислења за севкупните економски состојби во Северна Македонија и беше изразено задоволство од воспоставениот партнерски однос со Светска банка, којшто како што беше нагласено, во изминатите 26 години има значителен придонес во остварувањето на нашата реформска агенда во повеќе области.

— реклама —

 Директорот на Канцеларијата на Светска банка, Мантованели, го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности на групацијата, како и за целите и проектите коишто произлегуваат од новата четиригодишна рамка за партнерство со Северна Македонија, со која треба да се овозможи поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на Светска банка во нашиот севкупен економски развој, притоа истакна дека иако земјава бележи позитивен тренд, неопходен е натамошен максимален ангажман од сите домашни релевантни фактори во градењето и одржувањето на политичката стабилност и правната предвидливост, како клучни предуслови за просперитет на Северна Македонија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања