Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Пендаровски го прими Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили, адмирал Хакон Брун-Хансен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-4-3

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, адмирал Хакон Брун-Хансен.

— реклама —

 На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу Северна Македонија и Норвешка, особено за билатералната воена соработка. Соговорниците заклучија дека со идното членство на Северна Македонија во НАТО се отвораат нови можности за проширување на партнерството меѓу армиите на двете земји.

 Претседателот Пендаровски се заблагодари за норвешката поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО од страна на норвешкиот парламент во јуни.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата и до крајот на оваа година Северна Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.

— реклама —

 Северна Македонија, истакна претседателот Пендаровски на средбата, со својот придонес во мировните мисии на Алијансата, е активен поддржувач на мирот на глобално ниво и нејзиното зачленување во НАТО е одамна заслужено.

— реклама —

 Со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, рече претседателот Пендаровски на средбата, ќе биде заокружена една од клучните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања