„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-12

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство. За време на викендот, беа одржани традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор.

— реклама —

[caption id="attachment_132245" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

Честитајќи го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска им подарија „галичка пафта“ со мотив од галичка носија и им посакаа долговечен и хармоничен заеднички живот исполнет со многу љубов, здравје и среќа.

— реклама —

[caption id="attachment_132244" align="alignnone" width="1013"]  [/caption]

Манифестацијата „Галичка свадба“ со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.

[caption id="attachment_132242" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

Oфицијалниот почеток на годинешната Галичка свадба беше означен вчера со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот, a свеченоста заврши денеска со испраќањето на тајфата Мајовци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања