Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Пендаровски на средба со заменик-претседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-3-2

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Брисел оствари билатерална средба со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

— реклама —

На средбата, Република Северна Македонија уште еднаш доби силно признание за сработеното од заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика. Федерика Могерини истакна дека останува цврсто на ставот дека Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за отпочнување на преговорите во периодот јуни – јули. Ова, посочи таа, ќе го препорача на сите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во текот на наредната недела. Од регионот, беше посочено на средбата, доаѓаат и добри вести, а договорот од Преспа и договорот со Бугарија се примери како можат тешките прашања да се затвораат со храбри одлуки.

— реклама —

Република Северна Македонија е единствена во регионот која ги има затворено сите прашања со соседите, во која функционираат институциите и во која постои определба и волја и во која се работи на исполнување на реформските процеси. Претседателот Пендаровски рече дека граѓаните на Република Северна Македонија, поради се што е направено и заслужено, очекуваат нашата држава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Тоа, посочи Претседателот, ќе биде од значење и за стабилноста на регионот.

— реклама —

Како претседател на Република Северна Македонија ги повика лидерите на земјите-членки на Европската унија да ја зачуваат кредибилноста на проширувањето, врз основа на јасни и праведни критериуми за членство, во согласност со индивидуалните заслуги и постигнувања на секоја земја од регионот.

— реклама —

Првата меѓународна посета на Стево Пендаровски како претседател на Република Северна Македонија е Брисел. Претпладнево, тој оствари средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања