Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Пендаровски прими делегација на Академијата на науките и уметностите - МАНУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-3-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија - МАНУ, предводена од претседателот Таки Фити.

На средбата беа разменети мислења за состојбите во Република Северна Македонија, при што беше констатирано дека МАНУ има клучна улога во развојот на нашето општество, преку науката и научната мисла, негувањето и унапредувањето на уметностите.

— реклама —

На средбата се разговараше за тековната работа на Академијата, како автономна институција и потребата од постојано инвестирање во науката, како клучен предуслов за одржлив општествен развој на Република Северна Македонија.

— реклама —

Академик Таки Фити го запозна Претседателот со активностите на Академијата кои вклучуваат голем број научно-истражувачки проекти и учество на домашни и меѓународни конференции.

— реклама —

Претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно државата континуирано да ја консултира Академијата на науките и уметностите, за сите суштински прашања од политичката, економската, социјалната и културната област.

Делегацијата на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ му го честиташе стапувањето на функцијата на претседателот Пендаровски и изрази подготвеност за натамошна соработка во интерес на граѓаните и на државата.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања