Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Претседателот Пендаровски прими делегација на Советот на амбасадорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-3-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Советот на амбасадорите, во која беа Љупчо Арсовски, Александра Наќева-Ружин, Мухамед Халили и Александар Тавчиовски.

 На средбата, амбасадорите го информираа претседателот Пендаровски за нивните главни цели, за предизвиците на дипломатијата на Северна Македонија, како и за нивните досегашни активности во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски го поздрави формирањето на здружението, изразувајќи увереност дека долгогодишното дипломатско искуство на членовите коишто го сочинуваат, ќе даде значаен позитивен придонес во функционирањето на домашните институции, во насока на дополнително зајакнување на нашата надворешна политика.

— реклама —

 На средбата, соговорниците ја нагласија потребата сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог, во насока на намалување на поларизацијата во општеството.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања