Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Пендаровски прими делегација на Уставниот суд на Република Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-2-3

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација од Уставниот суд на Република Бугарија, што престојува во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа и надлежностите на Уставниот суд на Република Бугарија, како и соработката со Уставниот суд на Република Северна Македонија.

— реклама —

— реклама —

Претседателот Пендаровски го поздрави партнерството и соработката меѓу уставните судови на двете држави, кое се развива во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

На средбата, на која присуствуваа претседателите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Никола Ивановски и на Уставниот суд на Република Бугарија, Борис Велчев, како и членови и советници на Кабинетот на Претседателот, беше истакната важноста од штитење на уставноста и законитоста, како еден од темелните принципи на Европската унија.

— реклама —

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека соработката и размената на искуства меѓу уставните судови на двете држави ќе продолжи и во иднина, како пример за продлабочување на односите и соработката и во други сфери од заеднички интерес на двете држави.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања