Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Претседателот Пендаровски се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава, на тема „Западен Балкан по Ковид-19“.

Потенцирајќи го извештајот на Европската Комисија од 2016-та година во којшто нашата земја се посочуваше како „заробена држава“, претседателот Пендаровски во своето обраќање истакна сега Северна Македонија е полноправна членка на НАТО и на чекор до формален почеток на преговорите со Европската Унија. 

— реклама —

Во овој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за почеток на преговорите.  Исто така, како што посочи претседателот Пендаровски, „не очекуваме нова блокада, овој пат, од Република Бугарија“, додавајќи дека кон средината на овој месец предвидена е нова средба на македонско – бугарската комисијата за историски и образовни прашања.

— реклама —

„Како што договорот од Преспа реши повеќедецениски проблем, верувам дека во духот на договорот за пријателство и добрососедска политика, Република Бугарија нема да биде причина за ново разочарување за сите нас. Бидејќи ако се случи тоа, незадоволството кај нашите граѓани и кај политичарите ќе биде големо“, подвлече претседателот Пендаровски во своето обраќање.

— реклама —

„Токму овие денови, Европската Унија ја покажа својата солидарност кон земјите од Западен Балкан“, рече претседателот Пендаровски поздравувајќи ја одлуката на ЕУ да додели 9 милијарди евра во рамките на новиот економско-развоен пакет за државите од нашиот регион.

Осврнувајќи се на дијалогот помеѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски подвлече дека ќе ја поддржи одлуката на двете земји, каква и да е, се додека таа одлука придонесува за регионалната стабилност и не ги допира суверените права на соседните држави.

„Мојата главна улога како претседател на државата е да ги штитам националните интереси на мојата држава. Затоа бараме од меѓународната заедница кое било решение што ќе го постигнат Белград и Приштина да содржи гаранции за регионалната стабилност. За доброто на целиот регион, секако би сакале што поскоро да се постигне договор помеѓу Србија и Косово“ заклучи претседателот во своето обраќање на глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“.

Прашан за иницијативата “Мини Шенген“, претседателот Пендаровски повтори дека ја поддржува бидејќи иницијативата е автентична идеја на нашите држави и ќе придонесе кон економската соработка во регионот и креирањето на регионален пазар. Секако, крајната цел е целосна интеграција во Европската Унија на сите држави на западниот Балкан. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања