Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претседателот Пендаровски се сретна со граѓани, производители на мед и рудари во Македонска Каменица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-4-2-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска беше во посета на Македонска Каменциа, а поводот се три значајни обележја на овој град. Денот на рударите во источниот дел на државата којшто се одбележува веќе 56 години, а и денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица којашто е заштитничка на рударите.

— реклама —

Денешниот празник, како што рече претседателот Пендаровски, е повод за големи народни собири. А, овој во Македонска Каменица, како што истакна Претседателот, „ е еден од најубавите“.

Истовремено, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, 28 август од 96-та година наваму важи и за Ден на општината Македонска Каменица.

— реклама —

Претседателот Пендаровски истакна дека „секогаш е убаво да се биде во град како Македонска Каменица, град којшто има живописна и ибава природа“.

— реклама —

Честитајќи им го денешниот празник, претседателот Пендаровски, во центарот на градот поразговара со граѓаните, коишто за овој ден имаа подготвено посна трпеза. Во духот на празнуваето претседателот Пендаровски имаше можност да проба и домашна ракија.

— реклама —

Во паркот на пчеларите, производителите на мед, го информираа претседателот Пендаровски ека покрај рударството, и пчеларството станува обележје на Македонска Каменица, бидејќи во последните две – три години медот од источниот дел на Северна Македонија е многу баран, како на домашниот, така и на странски пазари.

Претседателот Пендаровски исто така денеска ја искористи приликата да му честита на Антониот Самарџиски, којшто како дел од вработените во рудникот „САСА“ годинава е прогласен за најдобриот рудар. При средбата со рударите, претседателот Пендаровски, им го честиташе денешниот ден и им посака и натаму да работат безбедно и потоа безбедно да им се вратат на своите најблиски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања