Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Претседателот Пендаровски се сретна со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-6-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Ерусалим оствари билатерална средба со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за поканата да учествува на лидерскиот форум, истакна дека Република Северна Македонија покрај укажаната чест има и обврска на највисоко ниво да биде присутна во Израел, на Форумот по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.

Претседателот Пендаровски нагласи дека двете држави ја споделуваат трагедијата на Холокаустот во кој беа убиени илјадници Евреи од нашата држава, што претставува ненадоместлива загуба за нас. Претседателот ја подвлече улогата на еврејската заедница во Република Северна Македонија изразувајќи уверување дека таа и натаму ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на државата, како и во негувањето на добрите односи меѓу двете земји.

— реклама —

Претседателот информираше дека од декември 2019 година Република Северна Македонија е асоцијативна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот и ќе се заложи да стане полноправна членка во 2021 година.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што Државата Израел ја дава на Република Северна Македонија во изминатиот период, од стекнувањето на нашата независност, додавајќи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка.

Двајцата претседатели разменија информации и мислења за состојбите на Балканот и за блискоисточниот регион. На средбата беше изразено задоволство од одличната соработка меѓу Северна Македонија и Израел на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски, денеска и утре - 22 и 23 јануари 2020 година во Ерусалим, Израел учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.

фото: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања