Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Pendarovski

Утре, 16 април 2020 година, четврток, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

— реклама —

— реклама —

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствуваат и заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

Претходно од Владата соопштија дека на седница одлучиле да му достават предлог на Претседателот во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.

— реклама —

Вчера претседателот Пендаровски рече дека, со оглед на панедемијата, смета дека ќе има продолжување.

— реклама —

На 18 март беше прогласена вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања