Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претседателот Стево Пендаровски со цел поддршка на научната и креативната работа на младите од земјава, го воведува признанието „Успешни млади“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-4-1

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски со цел поддршка на научната и креативната работа на младите од земјава, го воведува признанието „Успешни млади“.

Целта на признанието „Успешни Млади“ е да ја поттикне научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од нашата земја, да се зголеми нивната мотивација за нови достигнувања и вреднување на нивниот труд.

— реклама —

Признанието ќе го доделува претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Истакнувајќи дека нема надлежност во работата на комисијата, претседателот Пендаровски искажа верување дека признанијата ќе ги вреднуваат најдобрите.

„Ова е проект којшто ги вреднува трудовите на талентираните луѓе, а оценката на пријавените трудови ќе ја прават извонредни професори, научници, доктори на наука“, истакна претседателот Пендаровски на отворањето на седницата.

— реклама —

Признанието ќе се доделува врз основа на прецизно утврдени критериуми за резултати постигнати во текот на 2019 година на најдобри млади научници во општествени, хуманистички, природно – математички, технички науки и медицински науки, како и на млади со значајни достигнувања во уметничките и културните практики. Исто така признанија ќе се доделуваат и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.

Комисијата за признанието „Успешни млади“, која вчера ја одржа својата конститутивна седница, е составена од академици, доктори, експерти во конкретни области, еминентни професори на универзитети во нашата земја, но и надвор од неа. Претседател на Комисијата е проф. д-р Анета Цекиќ, професорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

           

Останатите членови на комисијата се:

- проф. д-р Марија Чундева Блајер, УКИМ - ФЕИТ

-  д-р Андреја Арсовски, општа болница „Ремедика“

-  академик Љупчо Коцарев, МАНУ

-  д-р Тамара Ќупева, СУГС Гимназија „ Орце Николов“ - Скопје

-  проф. д-р Владимир Мартиновски, УКИМ, Филолошки факултет - Скопје

 - Анита Никова, извршен директор - МАСИТ

-  д-р Владимир Чадиковски,  клиничка болница „Аџибадем - Систина“

-  проф. д-р Бобан Мисоски, вонреден професор, УКИМ, Правен факултет – Скопје

-  доц. д-р Ана Чупеска, УКИМ, Институт за политички науки – Скопје

- проф. д-р Трајче Стафилов,  УКИМ, Природно – математички факултет

-  проф. д-р Иван Додовски, Универзитет Американ Колеџ Скопје

-  проф. д-р Ристо Солунчев, УКИМ, Филозофски факултет – Скопје

-  проф. д-р Марија Стевановиќ,  УКИМ, Стоматолошки факултет – Скопје

-  академик Таки Фити – МАНУ

-  Афердита Хаџијаха Имери, експерт за социјална инклузија, Меѓународна фондација за избори и изборни системи

-  проф. д-р Гзиме Старова,  УКИМ, Правен факултет – Скопје

-  проф. д-р Петар Поповски, Универзитет „Албург“

-  проф. д-р Илија Дуковски, Универзитет Бостон

-  д-р Елена Ставревска, Лондонска школа за економија и политички науки

-  д-р Јане Богоев, Светска Банка

-  проф. д-р Живорад Томовски, УКИМ, Природно – математички факултет

Во работата на Комисијата свој придонес ќе дадат и советничките на претседателот Искра Гешовска – од областа на културата, Фикрија Таир – за прашања поврзани со ромската заедница, Марија Башевска – за родови прашања и Беса Арифи – за правни прашања.

Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019-та година ќе биде објавен набрзо. На истиот може да се пријават сите коишто заклучно до крајот на 2019 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија. Исклучок е шестата категорија - млад талент за којашто имаат право да се пријават само ученици од средните училишта. Со воведување на признанието за успешни млади со попреченост целта е да се подигне јавната свест за способностите на младите кои имаат развојни тешкотии и да се подобри нивната инклузија во образовниот процес и општеството.

фото и видео: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања