Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Претседателот упати честитка по повод Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
stevo-770x437

Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Во честитката се вели:

 Почитувани сограѓани,

— реклама —

Дозволете да ви го честитам 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Овој голем празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенските народи.

— реклама —

Светилниците на словенската цивилизација и писменост и заштитниците на Европа, Св. Кирил и Методиј се изборија за правото на употреба на старословенскиот јазик во богослужбата, докажувајќи дека не постојат мали и безначајни јазици. Нивната визија и вредностите што ги промовираа и по повеќе од десет века се актуелни и релевантни.

Честитајќи го големиот празник би сакал да потсетам дека делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, и да градиме општество со еднакви можности за сите без разлика на род, вера, етникум или која било друга припадност. Општество во кое образованието и културата се од суштинско значење и право на секој наш граѓанин.

— реклама —

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.

— реклама —

Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања