Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Претставата „Чао пријатно“ денеска ја отвора „Гола месечина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Со претставата „Чао пријатно“ вечерва почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој годинава ќе се одржи на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар.

Оваа година, заради утврдените протоколи за организирање манифестации од отворен карактер, ќе има карти, кои ќе бидат беспатни и во ограничен број,  а нивното подигнување ќе се врши од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 10:00 до 14:00 часот секој ден за претставите што се на репертоар за тој ден. Едно лице може да подигне две карти со лична карта за една претстава. Претставите почнуваат  во 20.00 часот, а вратите за посетителите ќе бидат отворени од 19:00 часот. Фестивалот ќе трае до 3 октомври.

— реклама —

„Гола месечина“ овој пат ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Фестивалот е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања