Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп, ќе следи ли и отповикување од функцијата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
tramp

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот кој треба да реши дали да го обвини и да го отповика од функцијата.

На самиот почеток на конгресот, републиканците се обидоа да го запрат процесот и да ја одложат седницата, но безуспешно. По партиски линии пропадна и обидот на републиканците преку усвојување резолуција  да ги осудат постапките на претседателите на конгресните комисии од демократската партија, за начинот на кој ја спровеле истрагата, која доведе до денешната седница.

— реклама —

Претходно, како што и вообичаено тоа го прави, Доналд Трамп преку твитер и користење големи букви, го изрази својот бес од процедурата на импичмент во Конгресот.

— реклама —

“Дали ви се верува дека денеска ќе ми биде изгласан импичмент од страна на радикалната левица, неспособните демократи а јас не направив ништо погрешно” – напиша Трамп.

— реклама —

Инаку досега на само двајца претседатели на САД, Ендрју Џонсон и Бил Клинтон досега им бил изгласан импичмент, но ниту еден од нив не бил осуден од Сенатот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања