Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Претставувајќи се како вработен во ПИОМ, излажал многу граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

На 15.01.2020 во 18.45 часот во Гевгелија бил лишен од слобода И.П.(41) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот, во неколку наврати во изминатиот период, извршил кривични дела „измама“, лажно претставувајќи се и како З.Ј., наводно вработен како теренски работник во ПИОМ Скопје, при што доведувал во заблуда поголем број на граѓани од Р.С.Македонија, барајќи од нив да уплатат од 1700 до 4000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи. Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број на мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања