Промени тема
Контакт

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-1

На 27.06.2022 на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во организација на Одделението за превенција во СВР Скопје беше одржана трибина на тема „Значењето на превенцијата за справување со пожари на отворено во летниот период“.

— реклама —

Основна цел на овие превентивни активности се заштита и зачувување на шумските и останати површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, подигање на свеста на граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.

— реклама —
— реклама —

На трибината присуствуваа претставници на ЈП „Национални шуми“, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, претставници на Шумска полиција, претставници од Противпожарната бригада на град Скопје, професори и студенти на Шумарскиот и Природно-математички факултет. Тие земаа активно учество на трибината со свое видување за значењето на превенцијата на пожари и можноста на нејзино кординирано применување на сите институци со вклучување на заедницата.

— реклама —

Оваа трибина е дел од активностите на Одделението за превенција на СВР Скопје, кои ќе продолжат во текот на летниот период на локации на излезите на магистралните и регионалните патишта, како места со голема фрекфенција на возила и луѓе на подрачјето на СВР Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања