Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти и зголемена безбедност во сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Во текот на вчерашниот ден  превентивните активности на МВР на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Штип, беа насочени кон заштита на граѓаните од имотни деликти, потоа сообраќајната безбедност и заштитата од шумски пожари.

— реклама —
— реклама —


— реклама —

Така, на подрачјето на СВР Битола, односно во Ресен полициските службеници имаа средби со граѓаните околу превенцијата од џебни кражби, кражби, разбојништва, измами… а беше разговарано и со возачите на земјоделски машини и земјоделска механизација во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи. И во Велес и во Кавадарци на истата тема – заштита од имотни деликти – полициски службеници од СВР Велес разговараа со граѓаните за начините за превенција од овој вид криминал. На подрачјето, пак, на СВР Штип, поточно во Берово, полициски службеници од ОВР Берово во содејство со Шумското стопанство Берово спроведоа превентивно-едукативни средби на теми поврзани со заштита на шумите од пожари и законските прописи од оваа област, вклучително и казнените одредби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања