Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
surfaj

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска ( 15 април ) започна со практична реализација на превентивно-едукативниот проект „Сурфај, но внимателно споделувај“.Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со локалните самоуправи од подрачјето.

— реклама —

Со проектот вкупно ќе бидат опфатени околу 3500 седмоодделенци од вкупно 215 паралелки, а кои во 92 основни училишта на тетовско- гостиварското подрачје следат настава на македонски, албански и турски јазик.

— реклама —

Стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови.

— реклама —

Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознаени и со законските импликации доколку тие  злоупотребуваат лични податоци на други лица.

— реклама —

Проектот е планирано да трае до крајот на идниот месец, а неговата главна цел е учениците да се заштитат од можни злоупотреби на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања