СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.(47) од с.Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 14.11.2019 во с.Никуштак, општина Липково, пријавениот со товарно возило „мерцедес“ вршел превоз на 12 метри кубни огревни дрва, со испратници издадени од правно лице од с.Гошинце, за купувач во с.Арачиново, без да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган.
фото: Архива