Промени тема
Контакт

Презентација на вториот повик за социјални услуги за југозападниот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
DSC0260

Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа презентација на вториот повик за социјални услуги за југозпадниот регион. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —

– Одржливи и квалитетни социјални услуги во локалните заедници според потребите на граѓаните може да се реализираат со размена на искуства и практики меѓу општините, како даватели на социјални услуги, но неопходна е и соработка помеѓу централната и локалната власт , но и граѓанскиот сектор во унапредување на квалитетот на животот на граѓаните

— реклама —

Развојот на локалните социјални услуги е модел кој ги обединува сите чинители на локално ниво да се вклучат во градењето на заедницата. Затоа, локалните самоуправи како први меѓу еднаквите на подрачјето на кое делуваат заедно со своите партнери од граѓанските организации се исправени пред обврската да обезбедат социјални услуги за своите граѓани.

Социјалните услуги играат клучна улога во јакнење на отпорноста кај поединците, семејствата и заедниците , како и при поддршка на човековиот и економскиот развој во земјата. Секој поединец или семејство заслужуваат шанса за подобри услови за живот во заедницата. Затоа како Локална власт постојано работиме на унапредување на социјалните услуги и активности. Отворена е сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“. Го поддржуваме првиот регионален саем на социјални претпријатија од југозападниот регион. Општина Охрид додели стипендии на редовни ученици, студенти, магистранти и докторанти на лица со ретки болести и посебни потреби. Објавивме повик за финансиска поддршка за центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој. Поддршката е наменета за деца кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Објавен и спроведен е јавен повик за прибирање проектни идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Тековен е проектот што општината го работи заедно со УНДП преку кој се ангажирани 9 образовни асистенти во рамки на средните училишта. И понатака ќе работиме на унапредување на социјалната политика на општина Охрид, за чија успешност е неопходна соработка со централната власт и граѓанскиот сектор – истакна во своето обраќање Пецаков.

— реклама —

На презентацијата беше претставен Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како еден од инструментите на поддршка во успешното реализирање на сеопфатна социјална реформа, која има за цел зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подгнување на квалитетот на животот во земјата.

— реклама —

Носител на проектот е Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања