Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1654602295849

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски и Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, г-дин Крис Бартон остварија средба на која се разговараше за можностите за соработка и нови инвестиции, во контекст и на новиот концепт на работа на ТИРЗ.

— реклама —

Директорот на ТИРЗ, Деспотовски нагласи дека предноста на Северна Македонија како мала земја е тоа што ги препознава потребите на инвеститорите и нуди флексибилниот пристап. Тој исто така посочи дека клучен адут во привлекувањето на странски инвестиции во контекст на глобалните случувања, е стабилноста гарантирана со членството во НАТО, како и предвидливата деловна клима, пристап до квалитетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги. На средбата се разговараше за конкретни механизми за соработка и размена на искуствата во однос на инвестициските активности во двете земји.

— реклама —
— реклама —

Комесарот за трговија Бартон нагласи дека целта на неговата посета е дополнително да ги поттикне трговските и инвестициските врски меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија. Комесарот Бартон ја претстави и можноста за гаранции за инвестиции за британски извозни и инвестициски проекти во Северна Македонија. Комесарот Бартон изрази задоволство од британските компании што инвестираат во земјава кои се пример за добри пракси во работењето и најави дека ќе продолжи да работи на зголемување на економското присуство во регионот.

— реклама —

Деспотовски информираше и за подготовките за нов циклус на активности за поттикнување на инвестиции, со фокус на Западна Европа, САД, како и источна Азија и го најави почетокот на новата промотивна кампања за инвестициските можности во Северна Македонија, во соработка со реномираниот британски магазин „Економист“. Кампањата се базира на презентација на десетгодишните резултати од работењето на компаниите во ТИРЗ, кои според анализата, оствариле континуиран раст во изминатава декада и постојано растат. Само вкупните приходи на компаниите бележат просечен годишен пораст од 16%, а раст има и на бројот на работни места, платите и уплатите во Буџетот на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања