„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Презентирана националната трнспортна стратегија 2018-2030

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ncionalna-strategija-transport

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одржа прес-конференција на која ја презентираше Националната Транспортна Стратегија 2018-2030.

— реклама —

Националната Транспортна Стратегија е документ со кој се дефинираат јасни насоки за инвестициони планирања во инфраструктурата и развој на целокупниот транспортен систем во Република Македонија.

Стратегијата содржи имплементационен план во кој се опфатени 104 активности со проценет буџет од околу 4,2 милијарди евра, планирани да отпочнат со реализација до 2030 година.

— реклама —

Во своето обраќање, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека крајната цел на Националната стратегија е да развие хармонизиран транспортен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, кој ќе го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ја зачувува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации.

Инаку национална транспортна стратегија е изготвена врз база на детална анализа на состојбите во целокупнио транспорт и овозможува проценка на најдобрите решенија и дефинирање на транспортните цели на Владата за постигнување на високо ниво на одржливост и ефикасност во националниот транспортен сектор.

Со Стратегијата е предвидено да се постигнат 4 главни цели:

1. Зајакнување на Интеграцијата во ЕУ и промовирање на регионална соработка преку завршување на патната и железничката мрежа на Пан-Европските Коридори и европските рути.

2. Подобрување на економската одржливост на национално ниво заради повисоко рангирање на земјата со Индексот на логистички перформанси на Светска банка.

3. Воведување на „зелена мобилност“ и логистика, фокусирана на еколошка ефикасност на транспортниот сектор преку намалување на емисиите стакленички гасови од транспортот за 15,1% во 2025 година и за 18,6% во 2030 година, споредено со претходните нивоа.

4. Воспоставување на сигурен и безбеден транспортен систем во сите видови на транспорт преку намалување на бројот на смртни случаи на патиштата до 50% до 2030 година.

Во рамките на оваа цел планирано е завршување и модернизација на патните и железничките Коридори 8 и 10, како и Рута 6, 8 и Рута 10 и тоа:

- Модернизација на Коридор 10, Дозавршување на автопатот Кичево-Охрид, Изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, Модернизација на автопатот од Скопје до Гостивар, Изградба на автопатот од Скопје до Блаце, Изградба на ниво на автопат делницата од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, Надградба на регионалниот пат Куманово-Страцин, Надградба на автопатска делница Струга-Ќафасан, Завршување на Коридор 10Д преку изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, изградба на ниво на автопат од Прилеп до Битола и изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија, Изградба на ниво на автопат од Струмица до границата со Бугарија, Воведување на електронска патарина на Коридор 10 и Коридор 8, Изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија (трите делници), Изградба на пруга до Кичево до граница со Албанија за да го комплетираме цел Коридор 8. Реконструкција на пругата од Скопје до граница со Косово, Преземање на активности за изгардба на пруга од Скопје до аеродорм Скопје, Оваа цел вклучува и финализирање на Усогласувањето на домашната транспортна легислтива со Европското законодавство.

„Сакам да потенцирам дека ова е Документ што ги дефинира стратешките политики во развој на транспортниот систем во земјава. Проектитет што се опфатени во Стратегијата ќе се реализираат согласно приоритетите на Владата“ истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања