„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Презентирани мерките за вработување „Шанса за сите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Sansa-za-site3

Агенцијата за вработување денеска во просториите на Општина Аеродром го претстави оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година „Шанса за сите“.

— реклама —

Мерките беа презентирани пред голем број заинтересирани работодавци и сопствениците на микро, мали и средни претпријатија, во присуство на градоначалникот Златко Марин.

На почетокот на претставувањето на оперативниот план се обрати директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, која истакна дека во Општина Аеродром во овој момент има повеќе од 1000 активни баратели на работа.

— реклама —

Таа посочи дека Агенцијата е подготвена на секаков можен начин да соработува со работодавците. „Идејата е убав живот, намалување на невработеноста и развој на приватниот сектор“, изјави Јовановска.

Програмата е наменета за невработени млади лица до 29 години, невработени лица  со попреченост и невработени жени од ранливи категории (приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, долгорочно невработени жени, самохрани мајки, социјално исклучени жени врз основа на технолошки вишок и стечај).

Корисници на оваа програма може да бидат и невработените лица што имаат завршено обука за претприемаштво и/или изработено бизнис-план во 2018 година.

Заинтересираните работодавци и баратели на работа за сите детали околу планот „Шанса за сите“ можат да се обратат во Агенцијата за вработување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања