Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Преживеале три месеци во мал чамец среде океан: спасени пет лица, меѓу нив две деца, потрагата по уште четири лица продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarysedp5lnrv9gr4R9HtHM
Илустрација

Пет лица, меѓу кои и две деца, биле спасени во островската држава Кирибати во јужниот дел на Тихиот Океан откако речиси три месеци плутале во мал чамец. Уште четворица патници се водат како исчезнати, соопштија надлежните служби.

— реклама —

Преживеаните ги пронашле жители на островот Фанинг во неделата. Според проценките, тие поминале околу 5.400 километри, носени кон исток од Федералните Држави Микронезија.

— реклама —

Американската крајбрежна стража во Гуам потврдила дека на 30 јули бил пријавен исчезнат чамец со девет лица, кој не се вратил на островот Руо во Микронезија. Била организирана десетдневна потрага на површина од 85.700 квадратни километри, но без резултат.

Петтемина преживеани биле пронајдени дехидрирани и неухранети. Здравствениот работник Паук Торооро изјавил дека им била дадена инфузија и дека покажуваат знаци на закрепнување. Според него, тие веќе можат да се насмевнат и покажуваат желба за храна.

— реклама —

За нив на островот се грижи свештеник, а преживеаните побарале приватност и засега не сакаат јавно да зборуваат за искуството. Во меѓувреме, гувернерот на микронезиската сојузна држава Чуук, Александер Нарун, соопштил дека започнал разговори со владата на Кирибати за нивно враќање дома.

— реклама —

Според извештајот на австралиската телевизија Еј-Би-Си, деветте лица тргнале на едночасовно патување со чамец меѓу островите Мурило и Руо, но за време на пловидбата ги зафатила бура. Американската крајбрежна стража продолжува да ги проверува информациите за судбината на четворицата исчезнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7h978rmchod7om31AX

(Видео) Хонг Конг и Макао под вода: тајфунот „Рагаса“ предизвика катастрофи

Свет | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања