Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Преживеал два дена пекол - го држеле во стан во Скопје го тепале, сечеле со жилет па турале сол и парфем на раните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело- изнуда во периодот од 13 до 15 овој месец.

— реклама —

Осомничените, како што соопшти Јавното обвинителство, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со употреба на сила спрема едно лице од Битола ги присилиле неговите родители да им дадат паричен износ од 1.600 евра.

Тие го држеле оштетениот затворен во стан во скопската Општина Аеродром, го тепале со тупаници и предмети по главата и телото, го сечеле со жилет по грбот, па потоа му турале сол и парфем на раните.

— реклама —

Откако телесно го повредиле тие прво воспоставиле телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видео повик со родителите и побарале од нив износ од 40.000 евра во замена за ослободувањето на нивниот син.

— реклама —

По неколкучасовни преговори, се согласиле мајката да им донесе првичен износ од 1.600 евра како дел од вкупниот износ од 40.000 евра кои ги барале. Согласно добиените инструкции, мајката парите ги донела во Скопје и ги оставила во возилото на нејзиниот син, марка Алфа Ромео, паркирано во Шуто Оризари.

Надлежниот јавен обвинител, со оглед на тоа што процени дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Предлогот беше прифатен и судот со решение им определи притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања