Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.Р.(38) од село Чегране, Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување ,држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“.
На 14.12.2016 во село Чегране, Гостивар,полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што проншле и одзеле 50 куршуми калибар 9х19 мм, за кои истиот не поседувал соодветна дозвола.