Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пријава против полициски службеник кој го обезбедувал домот на Заев: Го напуштил работното место и пукал со пиштол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4855

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како обезбедување на поранешниот премиер Заев. Покрај ова против него е изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка.

— реклама —

,,Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавениот на 29.06.2024 околу 06.20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на ул.„Бетовенова“ каде се сретнал со едно лице, по претходен договор за средба, и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица се раздолжил со опремата и си заминал.

— реклама —

Пријавениот преку неговите колеги, полициските службеници П.П. и С.Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за истиот настан, се обидел да делува за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т.А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П.П. и С.Д. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.”, се вели во соопштението на МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања