Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид, соопштија од Агенцијата за храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Труење со храна било пријавено во детско одморалиште во Охрид.

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Како што информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство, уништени биле повеќе од 200 килограми храна, која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храната.

— реклама —

Директорот на Агенцијата за храна, Николче Бабовски, за „Макфакс“ потврди дека труењето било на 18 јули оваа година во детско одморалиште во Охрид, чие име од етички причини не се открива.

Веднаш било постапено по пријавата, информира Бабовски, и кујната била запечатена.

— реклама —

„Кујната беше затворена речиси десет дена, сѐ до добивање на резултатите, а економскиот оператор за тоа време си најде друг начин на обезбедување храна“, истакна Бабовски.

Објасни дека повеќе деца биле затруени и биле примени на лекување.

Агенцијата, како што рече Бабовски, постапила по сите протоколи и во соработка со сите надлежни институции биле преземени сите мерки за постапување во случајот.

— реклама —

За среќа, како што вели првиот човек на Агенцијата за храна, биле отстранети недоследностите и сѐ завршило добро.

Тој предупредува дека особено во летниот период треба да се внимава на месото и млечните производи, кои се лесно расипливи, појаснувајќи дека тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања