Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Прилепчанец осомничен дека одгледувал канабис во дворот на својата викендица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
IMG-a6df13a0405d9562f0704297224a23f1-V

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 52 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1  од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. На неговата парцела во местото викано Кишовица, во близина на Прилеп, тој засадил растенија од видот канабис, за кои секојдневно се грижел и ги одгледувал, наводнувајќи ги стеблата. Откако пораснале, осомничениот ги собирал, ги сушел и ги ситнел деловите од растението. При извршениот претрес на 2 септември, во викенд куќата на остата парцела, полициските службеници пронашле 3 искорнати стебла и 4 гранки од растението канабис кои се сушеле, како и 21,99 грама наркотична дрога марихуана во различни пакувања. Во дворното место на викенд куќата од левата страна биле пронајдени 3 саксии со стебла од канабис, покрај оградниот ѕид уште 3 средно развиени стебла, покрај ѕидот од вињарникот 14 добро развиени стебла од растението, позади оградата од задниот ѕид на викендицата 26  добро развиени стебла, а од десната надворешна страна на викенд куќата покрај оградата биле пронајдени уште 10 добро развиени стебла.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и да се обиде да ги прикрие доказите, како и можност тој да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања