Промени тема
Контакт

Приоритет е заштита на стандардот на граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0060

За нас како социјалдемократска партија, еден од врвните приоритети е заштита на животниот стандард на сите категории граѓани, вели СДСМ.

„Во таа насока е и усвоениот сет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра со кои го штитиме стандардот на граѓаните и економијата, а обезбедуваме и поддршка на компаниите, стопанството.

— реклама —

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ опфаќаат намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедување поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.

Историски најмногу ги зголемивме пензиите, а обезбедивме и финансиска помош за секој пензионер од по 1.000 денари за следните три месеци.

— реклама —

Претходно обезбедивме ново зголемување на минималната плата која за овој месец ќе изнесува 18.000 денари. Тоа ќе поттикне раст и на останатите плати, но и повеќе пари во пензискиот фонд.

— реклама —

СДСМ како одговорна партија и во време на глобални кризи продолжува со навремена реализација на мерки и политики што го унапредуваат стандардот и обезбедуваат услови за забрзан економски раст“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања