Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Приоритет на ДУИ во новата година е Законот за игри на среќа и лотарија, а преку тоа најлесно се перат пари, вели Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во радио Лидер зборуваше за ДУИ каде јасно кажа дека приоритет на оваа партија во новата година е Законот за игри на среќа и лотарија со европско знаменце.

- Гледаме дека ДУИ е претворена во холдинг каде што имате политичари каде што имаат фирми, тие фирми ги добиваат сите тендери и приоритет еве во новата година во Собранието е законот за измени на законот за игри на среќа и лотарија со европско знаменце, рече Милошоски и додаде:

— реклама —

-Кога ДУИ би имала друг приоритет, веројатно би се расправало за нешто друго во Собранието.

— реклама —

Милошоски во текот на своето гостување порача дека ДУИ од зелена партија се трансформира во партија на лотарија, на казина и перење пари.

— реклама —

-Но гледаме дека Артан Груби, Пуцко Петрол, Али Ахмети, нивните челници, со новата фирма во Визбегово, во новиот објект купен од еден поединец, па потоа прекупен од синот на Исмаил Јахоски, потоа склучен договор за големи милионски суми со лотарија каде што доминира Артан Груби гледаме дека тоа е еден партиски проект на ДУИ, дури би рекол и не ни партиски, туку на еден потесен круг на раководството. Но како е ДУИ од зелена партија која што наводно се трансформираше во зелена партија сега стана партија на лотарија, на казина, на перење на пари, вели Милошоски.

Тој заклучи дека според сите академски проценки и пишувања казината, лотариите и обложувалниците се користат за перење пари но кога се има холдинг како ДУИ се легализираат тие пари односно се оданочуваат и се во легален промет.

-Јас еднаш во Собрание кажав казината, лотариите, обложувалниците во голем дел и според одредени академски би рекол проценки и пишувања се користат за перење на црни пари. И сега кога некој висок функционер ќе добие одредена провизија во милиони евра, тоа не може да го преточи во часовник на рака, во скапи чевли или во подобро возило, тоа се премногу пари. Доколку имате холдинг како ДУИ свои лотарии и казина тогаш ги легализирате тие пари, ги оданочувате и веќе ви се во легален промет, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања