Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Припадници на „Тигрите“ извадиле оружје и се степале со сопруг на бремена жена во скопска кафана, обнзнани опозиционерот Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Наместо веднаш да се бара каде исчезнал притворениот син на Командантот Баци, којшто го вратиле дома од суд во притвор додека се пишувало решение за затворски притвор,  силите на Оливер Спасовски по кафани вадат пиштоли, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

— реклама —

„Срамно и недостоинствено, припадници на полициските специјалци- Тигри, во кафеана во скопско Белимбегово, ваделе оружје, според медиумите, кон бремени жени, започнале тепачка со сопругот на бремената, а во инцидентот има и последици и сето ова е пријавено и за сето има записник во полициска станица!

— реклама —

Наместо да го бара избеганиот притвореник, синот на Командантот Баци од УЧК, полицијата вади пиштоли по кафани!

— реклама —

Почитувани, ова е сликата за МВР со Оливер Спасовски, осма година министер за полиција!

Ниедно решено пукање низ Скопје, редици криминални пресметки, киднапирање и убиство, бегства од притвори и затвори, а полицијата ако не е дел од акциите, тогаш вади пиштоли по кафеаните!

Оливер Спасовски, доколку е доблесен, веднаш мора да одговори за бегството на синот на Командантот Баци од УЧК, и за однесувањето на Тигрите по кафеаните!

Почитувани, каква полиција, таква држава!

Наскоро ќе има расчистување и одговорност за сите случувања“, рече Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања