Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Џ.(56) од село Добридол-Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “приредување на игри на среќа без лиценца односно без дозвола од надлежен орган“.
На 08.02.2019 година во село Добридол-Гостивар, од страна на полициски службеници при контрола во објект, сопственост на пријавениот, истиот бил затекнат како приредува и организира игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган. При тоа во наведениот објект биле пронајдени и одземени: куќиште од компјутер, телевизор, печатар за тикети, монитор за компјутер и пари.